8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаМедицински лица во Македонија, лажеле дека биле болни за да одат на...

Медицински лица во Македонија, лажеле дека биле болни за да одат на одмор.

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за телевизија „Алсат“ потврдува дека имало случаи кога дел од здравствениот персонал пријавил лажни податоци за да искористат боледување.

-Има и такви случаи, за жал. Но, за среќа се ретки некој да избегне работна обврска, да се обиде дури и да исфингира и да даде грешни податоци за да добие боледување, што мислам не е коректно. Сите со голем ентузијазам се вклучија во помош на сите свои колеги во работата со пациентите со ковид-19 –вели Филипче

Тој посочува дека користењето на летните одмори од страна на здравствениот персонал нема да влијае на третманот на лицата заразени со ковид 19. Објаснува дека одморите се организираат врз основа на прелиминарен план со кој ќе се обезбеди да има доволно персонал во секоја болница.

„Апсолутно сите пожртвувано работе изминатите 4 месеци, одморот мора да го земат, затоа што мислам дека уште поинтензивна работа ќе следи во есенските месеци. Мора да кажам дека има и многу позитивни искуства, многу колеги најавија дека нема сега да го земаат годишниот одмор, мислам дека е сосем коректно, многу професионално се поставија здравствените работници како и со справување со кризата, така и по ова прашања. Така што, проблем по однос на ова прашање воопшто немаме – вели тој.

Министерот вели и дека болничкиот капацитет за лекување на пациенти со Ковид-19 е полупразен и дека нема опасност од недостиг на болнички простор.

Извор: Libertas.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...