11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаНема корона криза за овој човек: После 20 години чекање Ногачески ќе...

Нема корона криза за овој човек: После 20 години чекање Ногачески ќе им го оствари сонот на Требеништани.

spot_imgspot_img

Селскиот дом во с.Требеништа кој беше грда слика за сите станува минато.  Повеќе од 20 години чекање, лажно ветување од предходните градоначалници конечно се појави вистинскиот човек кој се што вети и исполни а тоа е градоначалникот Ногачески. 

➡️Денес, со официјално воведување во работа на изведувачот “Тане 2007”Дооел Охрид се започнува со реализацијата на проектот: “Археолошки изложбен центар Требеништа”, односно со реконструкцијата на селскиот дом.
👉Средствата за првата фаза, во износ од 2.500.000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, Програма за рамномерен регионален развој за 2020 година, а се имплементираат преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
👉Планот е по реализацијата на сите фази од проектот, приземјето на објектот да биде деловен простор, а просториите на кат ќе бидат наменети за Археолошки изложбен центар, од едноставна причина што наша должност и обврска кон древните граѓани на градот на Требенишко Кале, претставува задачата, да го одбележиме самото место на волшебните, мистичните и крајно високо атрактивните вечни домови на владетелот од Требенишкото Кале.
✅Сакаме и можеме, да оформиме во општината Дебрца, во Требеништа, Археолошки Изложбен Центар “Требеништа”, во кој заинтересираните посетители, ќе ги најдат основните одговори и информации за Требенишката култура и цивилизација, за древниот град и богатата некропола, преку квалитетни фотографии, технички цртежи, планови, копии на требенишките артефакти, сувенири, научни студии, летни школи и туристички водичи и брошури.
👉Станува збор за развојот на општина Дебрца преку културата, археологијата и туризмот, во контекст на заживување на Требеништа и древниот град на Требенишкото Кале, со посредство на огромниот потенцијал на археолошките ресурси што ни беа и се на дофат, а на кои со години наназад не сме им обраќале должно внимание.
Градиме по План-от‼️✅

Напиша Ногачески на неговиот фб Профил.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...