8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСтранците разочарани од патната инфраструктура во Македонија и хигианата, задоволни биле само...

Странците разочарани од патната инфраструктура во Македонија и хигианата, задоволни биле само од храната.

Туристите што лани поминале преку граничните премини во земјава најниски оценки дале за патната мрежа и хигиената на јавни места.

Највисока оценка посетителите дале за однесувањето на луѓето, нивниот однос, гостопримливост и љубезност.

Просечнната оценка на услугите на странските посетители на граничните премини во 2019 година, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, изнесува 4,16.

Однесувањето на луѓето го оцениле со 4,53, археолошките и историски ресурси 4,51, природната средина 4,41, рестораните 4,37, аеродромските услуги 4,32, забавата и ноќниот живот добиле оценка 4,25, безбедноста и здравствените услуги добиле оценка 4,19, хигиената на јавните места 3,71 и патната мрежа 3,64.

Според возраста, најчести посетители се туристи меѓу 36 и 42 години, група која и најмногу транзитирала. На еднодневен престој најчесто или околу 30 проценти доаѓале посетители на возраст од 43 до 50 години, а 25 проценти биле во возрасната група од 36 до 42 години.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...