11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаТинејџерите заразени со ковид не сакаат да кажат со кого имале контакт...

Тинејџерите заразени со ковид не сакаат да кажат со кого имале контакт и каде шетале !!!

spot_imgspot_img

Најголем број новозаразени со корона вирусот од почетокот на епидемијата има денеска во Кавадарци. Дури 10 нови се позитивни на ковид, потврди за Фактор, д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје на Кавадарци.

-Од десетте нови случаи, шестмина се тинејџери од 18 и 19 години. Младите не ги почитуваат мерките за заштита, а се групираат, излегуваат се дружат, заради што и не знаат да кажат од кого се заразиле. Некои од нив ни рекоа дека имале болен во семејството, но останатите не ги кажуваат контактите, заради што многу е тешко да се воведе контрола. Инаку, сите тинејџери се на домашно лекување, со лесни симптоми, некои дури се и асимптоматски. Како и да е, очекуваме да се зголеми бројот на заразени бидејќи кафулињата во градот се полни, гужва е насекаде, а маска ретко кој носи, вели д-р. Јовановски.

Тој појаснува дека останатите четворица новоинфицирани исто така се млади луѓе на возраст од 30, 33, 38 и 51 години, а истовремнено додава дека голем е и бројот на граѓани во Кавадарци лои чекаат да направат тестирања, односно да им се земе брис за Ковид-тест.

Во моментов во Кавадарци има 31 активни случаи, а во општата болница нема инфективно одделение, па доколку е потребна хоспитализа ција на пациентите ги носат или во болницата во Велес или пак во Скопје.

извор: Faktor.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...