4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Битола отворена изложба „1000 години Бигорски манастир“

Во Битола отворена изложба „1000 години Бигорски манастир“

Изложба „1000 години Бигорски манастир“ во која се преставени 17 икони-копии, две фрески и една плаштеница од Бигорски манастир синоќа беше отворена во Битола во рамки на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. Изложбата е придонес на НУ Центар за култура и јубилејните 50 години на фестивалот „Илинденски денови“ кон јубилејот на Бигорскиот манастир основан во 1020 година, посочи Маја Андоновска Илијевски, директор на таа национална установа во Битола.

Бигорскиот манастир многу пати бил рушен и пален, а е возобновен во 1995 година со доаѓањето на отец Партениј од Света Гора. Како што е познато отец Партениј е по потекло од Битола, а таму во манастирот живеат и други наши битолчани со чиј благослов ја отворам оваа изложба, истакна Андоновска Илијевски. Изложбата „1000 години Бигорски манастир“ ја подготвија и организираат членови на Ансамбл „Македонија“ од Скопје, во рамки на проект поддржан од Министерство за култура и Бигорски манастир, истакна професорот д-р Владимир Јаневски, раководител на ансамблот „Македонија“.

Ансамбл „Македонија“ овој проект го реализира со презентација на икони од Бигорски манастир и паралелна концертна изведба на мијачките обреди, световни ора и песни кои биле и ден денес се присутни во Бигорскиот манастир, и тој крај каде се наоѓа манастирот. Оваа изложба ќе патува и ќе биде претставена низ цела држава, низ сите градски центри за култура и музеи, а очекуваме за кратко време изложбата да биде претставена и во странство, бидејќи често концертите на Ансамбл „Македонија“ се придружени со тематски изложби, истакна Јаневски.

Битолската публика во културниот центар „Магаза“ може да ги погледне најпознатите икони од олтарот во Бигорскиот манастир, икона стара 1000 години која сведочи и посочува на почетоците на манастирот кои датираат од 1020 година, потоа икони од 16 век, како и икони од 19 век.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...