4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаДрагана Велковска: Болничкиот паркинг мора да биде бесплатен за сите, бидејќи здравјето...

Драгана Велковска: Болничкиот паркинг мора да биде бесплатен за сите, бидејќи здравјето е основно човеково право.

Активистката за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на град Скопје Драгана Велковска испратила барање до Советот да ја повлече од денешната седница точката за усвојување на одлуката за измена и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ЈП „Градски паркинг”-Скопје.

– Недозволиво е болнички паркинг да се наплаќа. Болничкиот паркинг мора да биде бесплатен за сите – и за вработените и за пациентите и нивните блиски бидејќи здравјето е основно човеково право. Недозволиво е во ек на пандемија да се злоупотребува ситуацијата во која поголем број луѓе ќе бидат принудени да го користат паркингот на болницата и на тој начин со умисла да се профитира од туѓата несреќа – вели Велковска.

Таа вели дека имајќи предвид дека во болница луѓето не одат од задоволство, туку од мака и имајќи предвид дека болните најчесто не може да се донесат до болница на велосипед или со јавен превоз, а такси е надвор од финансиските можности на многу наши сограѓани со оглед на енормната стапка на сиромаштија, бара одлуката да биде повлечена од предлагачот. Понатаму, од Управниот одбор на ЈП Градски паркинг, Велковска бара да усвои одлука со која ќе се обезбеди бесплатно паркирање на сите болнички паркинзи и за медицинскиот персонал и за пациентите и нивните блиски.

– Ни претстои нов бран од пандемијата, а се предвидува и светска финансиска криза. Најмалку што Градот е должен да направи во ваква ситуација е да носи солидарни и хумани одлуки со кои на скопјани ќе им покаже дека стои до нив, не наспроти нив – наведува таа во барањето.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...