14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветЕрдоган -Некој сѐ уште не сфаќа дека Цариград е во рацете на...

Ердоган -Некој сѐ уште не сфаќа дека Цариград е во рацете на муслиманите

Некои држави сѐ уште не сфаќаат дека Цариград со векови е во рацете на муслиманите, кажа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„На отворањето на Аја Софија во петокот видовме дека некои држави не знаат дека Цариград се наоѓа на турска територија. Без оглед на тоа што од неговото основање до денес минале векови, гледаме дека тие сѐ уште не признаваат дека Цариград се наѓа во рацете на турскиот народ и муслиманите“, кажа Ердоган на отворањето на новата зграда на Турската разузнавачка служба во Истанбул.

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис изјави во петокот дека „она што денес се случува во Цариград (Истанбул) не е покажување сила, туку напротив, знак на слабост“. Мицотакис ја обвини Турција дека „го навредува наследството на 21 век“.

Базиликата Света Софија е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, веднаш откако трупите на султанот Мехмед Втори го разурнале, зазеле и ограбиле Константинопол, денешен Истанбул.

Пет века подоцна, во 1935 година, за време на проевропската реформа на Турција предводена од Мустафа Кемал Ататурк, таа била претворена во музеј. Осумдесет и шест години подоцна, статусот на Аја Софија повторно е сменет – таа повторно е претворена во џамија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...