16.9 C
Ohrid
петок, јуни 18, 2021
Почетна Македонија Учениците се враќаат во клупите: Часовите ќе траат по 20 минути, секој...

Учениците се враќаат во клупите: Часовите ќе траат по 20 минути, секој ученик треба да носи маска. Еве како ќе се одвива наставата…

Translate (Eng):[gtranslate]

Со маски и вршејќи редовна дезинфекција на рацете и со часови кои ќе траат по 20 минути. Вака ќе се одвива наставата од септември. Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, а наставата ќе ја држи истата наставничка. Ова е еден од начините на кој ќе се реализира учебната година од септември, вели заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска, објави ТВ 21.

Ако во некое одделение има деца со хронични болести, тогаш тие наставата ќе ја следат онлајн. Се разгледува можноста како да се реализира тоа.

Другиот модел е комбиниран. Ова овозможува – во случај училиштата да немаат доволно простор, одделенијата да се поделат во две групи. Во тој случај наставата ќе биде комбинирана.

РЕКЛАМА
- Реклами -