7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаСветЛуѓето кои имаат вирус на корона се изложени на ризик од сепса...

Луѓето кои имаат вирус на корона се изложени на ризик од сепса !!

spot_imgspot_img

Луѓето кои имаат вирус на корона се изложени на ризик од сепса, што може да се појави до една година по инфекцијата, предупредуваат експертите. Во извештајот на британскиот Сепсис фонд Велика Британија, UK Sepsis Trust (UKST) се открива дека едно од пет лица лечени од Ковид-19 во болница, имале поголем ризик да им биде дијагностицирана сепса во рок од една година од отпуштањето.

– Се проценува дека 100.000 ковид пациенти ќе бидат отпуштени од болницата во Велика Британија. Тоа значи дека околу 20.000 луѓе би можеле да бидат изложени на сепса, односно состојба опасна по живот, велат од добротворната организација.
Сепса се јавува кога имунолошкиот систем на телото претемногу реагира на инфекција, што може да доведе до откажување на органите и смрт.

Експертите веруваат дека Ковид-19 може сериозно да го оштети имунолошкиот систем, поради што не може добро да реагира на идните инфекции, а оваа состојба може да трае неколку години.

Експертите апелираат до луѓето кои се бореле против вирусот да препознаат рани знаци на сепса кои можат да бидат опасни по живот. Д-р Рон Даниелс, основач на британскиот фонд за сепса, рече дека е навистина важно луѓето што преживеале Ковид-19, без разлика дали се дома или во болница, да бидат свесни за симптомите.

Шесте најчести симптоми на сепса се:

-конфузија

-силни болки во мускулите и зглобовите

-намалено количество излачена урина

-силен здив

-зголемена телесна темпратура

-треска

Извор: .telegraf.rs

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...