21.8 C
Ohrid
сабота, јули 20, 2024
ПочетнаМакедонијаФИЛИПЧЕ ОЦЕНУВА ДЕКА СИТУАЦИЈАТА СО КОРОНАВИРУСОТ Е СТАБИЛНА

ФИЛИПЧЕ ОЦЕНУВА ДЕКА СИТУАЦИЈАТА СО КОРОНАВИРУСОТ Е СТАБИЛНА

Здравствените власти вчера повторно регистрираа трицифрена бројка на новозаболени од Ковид-19 во земјава, но висока е и бројката на оздравени пациенти. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ситуацијата е стабилна и под контрола.

Според информациите од надлежните институции, во изминатите 24 часа од вкупно направени 1971 тестирања дијагностицирани се нови 188 заболени, додека бројот на оздравени е 268. За жал, билансот на починати лица останува ист, односно и вчера се регистрирани пет починати лица.

И натаму, најголем број од заболените се од Скопје, а главниот град е лидер и во бројот на активни случаи.

Според првиот човек во здравството, ситуацијата е стабилна бидејќи подолго време, од вкупно направените тестови, позитивни се околу 10 до 15 проценти, а со тестирањата се откриваат голем број асимптоматски случаи.

Филипче вчера нагласи дека кадарот е добро организиран со системот на ротација на лекарите и медицинските сестри од одделенијата за интерна медицина во одделенијата за инфектологија. Болниците, како што посочи тој, имаат доволно капацитет со оглед на процентот на хоспитализирани пациенти, а наскоро се очекува со редовно работење да почне ГОБ „8 Септември“.

– Овој начин на пристап, во однос на индикацијата за тестирање, а тоа е тестирање на сите кои имаат симптоми, меѓутоа и лицата кои се контакти и имаат исклучително висок ризик, е добра стратегија што треба да продолжи, заради тоа што се откриваат огромен број асимптоматски носители и со тоа се ставаат во изолација. На тој начин се спречува ширењето на инфекцијата. Еден од најдобрите индикатори како е сега ситуацијата е капацитетот во болниците – има сосем доволно слободни кревети на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“. Ние планираме веќе од следната недела да почне и распоредување на пациентите од ГОБ „8 септември“ на Инфективната клиника, имајќи предвид дека таму има сосем доволно слободни кревети, а целосно е празна и модуларната болница, за да почне редовниот програм во ГОБ „8 Септември“, пред сè во делот на ортопедијата, истакна Филипче.

 

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Амбасадорот на Република Турција (Турк Фатих Улусој, во прва официјална посета на Општина Охрид.

Амбасадорот на Република Турција (Туркије), Фатих Улусој, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. Графоначалникот Пецаков на средбата со Н.Е. разговараше за можностите...

Ангелов им додели благодарници на странските пилоти кои помагаат во гаснењето на пожарите

Синоќа (петок, 19.07.2024), на храбрите пилоти од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, кои ни помагаат во справување со огнената стихија, во знак...

Таравари го именува доктор Горан Маркоски за нов дирекор на Општата болница во Охрид.

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во следните јавни здравствени установи: – Клиничка болница Битола, Ненси Лозанче – Институт...

Пожарникари утрово го извлекоа телото на давеникот во Дојранското Езеро

Во раните утрински часови извлечено телото на мажот кој вчера се удави во Дојранско Езеро. Тројца пожарникари од ТППЕ Струмица утрово го извлекле телото. од СВР...