16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаКОАЛИЦИЈА ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, ЗОШТО, ДА НЕ?!

КОАЛИЦИЈА ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, ЗОШТО, ДА НЕ?!

Пишува Слободан ТОМИЌ

Народот вели, јазикот оди каде забот боли, туѓата болка на сопственото тело не боли. На 15 јули 2020 година во Македонија се одржаа десетти по ред парламентарни избори под услови на пандемија со корона.

За жал, наместо фер и демократски избори, добивме изборна велеизмама. За пуста сласт за власт и страст за моќ и пари, наспроти националните и државните интереси.

Очекуван беше скорот, поради сервилноста на политички партии кон “меѓународната“ и бојкотирачите, секој за ситни цели. Виси прашањето, зошто не гласаа деветстотини илјади избирачи, речиси половина од нацијата по дома?

Дали е во прашање менталната матрица на нацијата, вреди да се анализира. Но и 2001 година под агресија на екстремизмот наместо победа, државното лидерство капитулира на зелана маса, ја посрамотија нацијата која ја претставуваа. И би, Рамковниот во древниот Охрид. Протагонистите на оваа рамка, подобро речено национална јамка, денес се бизнисмени и мува не ги лази. Истовремено и коалициони партнери со нивните довчерашни опоненти. За жал, 1995 година Собранието го смени државното знаме на Македонија, одработија “соросовите кртови” на македонската политичка сцена! Од 1994 до 1998, во времето на бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ од Парламентот, СДСМ ги избра сите судии, си ја легализираа со тапии “приватизацијата“ на општествениот капитал. Илјадници останаа невработени, а илјадници заради егзистенција заминаа во странство. Се создаде македонската финансова олигархија или мафија.

За време на бомбардирањето на Србија, СДСМ тогаш против НАТО, организира анти-НАТО демонстрации на чело со Бранко, фрлаа молотови коктели врз американската амбасада против клетите Американци, пуштаа мртовечки сандаци во Вардар со иконографија НЕ НАТО! Може ли ова да се заборави, наспроти Шеќеринска која денес вели без неа Макаедонија немаше да биде во НАТО?!

Идеолошката диференцијација по волја на власта денес продолжува како ветинг на сите, за да не бидат другите туку нашите, затоа што администрацијата ја наполнија со повеќе луѓе од вработените во стопанството кои треба сите да ги плаќа.

ДЕКРИ проектот на Павле Трајанов остана само пуста желба на хартија, како и законот за лустрација кој беше наметнат од ЕУ но набргу повлечен кога стигна до големите ѕверки се уште во актуелната политика на Македонија. Едноставно, секој кој и’ наштетил и ја уништил Македонија во изменатите 70-тина години не посака да оди курбан, си ја зачува кожичката во фотељата драга.

Македонија денес е соочена со ултиматумот и политичкиот тероризам на ДУИ и нивниот лидер Али Ахмети алиас Алаксандар Антиќ поранешен соработник на УДБА. Неговиот сопартиец Бујар Османи пак, вели “никој не смее да се противи на сеалбанското обидинување“, а запрашан што мисли за семакедонското обидинување рече, НЕ, никако, тоа е опасна идеја! А, замислете, Бујар Османи е министер за евроаинтеграции и вицепремиер на Македонската влада! Е, овој ли е претставник на Македонска влада и иден претенден на премиерското столче?!

Наспроти ултиматумите на ДУИ, соочени со деценискиот канибализам меѓу македонските опоненти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, народот прашува, мисли ли некој за иднината на државата Македонија? А, време е да се свртиме кон нашата иднина, оти ова е небиднина. И самите знаеме дека времето не’ гази, а нашата иднина и на нашите деца не’ води кон самоуништување.

Ако една Германија и еден голем ЦДУ, ЦСУ како и СПД, во 2018 година, демохристијани и социјалдемократи, за иднината на Германската нација создадоа владина коалиција, зошто истото да не се случи и во Македонија заради опстанокот на Македонската нација?

Одев по светот и разговарав со стотици политичари, меѓу кои и генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана. Пред камера ми рече, Слободане, ме следиш како ноќна мора обвинувајќи ме за случувањата во Македонија, но да знаеш дека вистинскиот виновник не сум јас, туку политичарите во твојата Македонија! Е, ај не пукни сега! А, истиот тој Хавиер Солана кој важеше за итар лисец во политиката, припадниците на ОНА прво ги нарече терористи, подоцна “борци за човекови права“.

Редно е и кај нас, да се свртиме кон реалноста, ултиматумите на Али Ахмети за премиер Албанец по предлог на ДУИ. Не е хендикеп и премиер Албанец еден ден да се случи, но нека каже ДУИ со кои вредности го задолжи македонското општество за да го добие мандатот за состав на Влада, дали ја заслужи довербата, ако најпросто, откако се појави на македонската политичка сцена после војната во 2001 година, дали еден збор кажа на Македонски јазик, иако и во неговите вени македонска крв тече?

Што се однесува до изборите, дали ќе ги броиме ливчињата рачно едно по едно е сеедно, возот тргна, иако не во вистински правец. Редно е да се консолидираме и да составиме Влада која и ЕУ и НАТО ја очекуваат. Пораката на Брисел е јасна: ЕУ очекува стабилна влада со широка поддршка која ќе ги спроведе агендите на ЕУ во Македонија. Во пораката од Брисел е и решението: Широка влада до октомври 2021 година!

На Македонија конечно и’ треба Влада која ќе ја води земјата не со сидрото на Заев, туку во вистинска смисла на зборот коалиција од ВМРО-ДПМНЕ со Левица и СДСМ со Беса! Тоа е формулата која ќе ги нормализира и релативизира “апетитите“ на непринципиелните кои сонуваат и соновите секогаш сакаат да ги видат во јаве.

ВМРО-ДПМНЕ со Левица и СДСМ со Беса имаат ист број на пратеници, по 46, и исти шанси да добијат мандат за состав на нова влада! Пресудни се гласовите на ДУИ за состав на Влада, но само ако тие треба да бидат во влада без ВМРО-ДПМНЕ или без СДСМ. Се разбира, бојкотот на Македонците доведе до апсурдна ситуација, Албанците да имаат несразмерен број пратеници во Собранието, дури 32 во однос на припадниците на албанската заедница во вкупното население на Македонија! За таа бројка, Мицкоски виновен не е, секој од нас имал избор како ќе постапи на овие избори. Бојкотирачите си го истераа инаетот, сега нека ги трпат последиците заедно со сите други.

Но, што ако ВМРО-ДПМНЕ со Левица и СДСМ заедно со БЕСА, макар и со Села, состават Влада? Или Мицкоски би го прифатил Насер Зибери за премиер во влада со ДУИ?

Не ни преостанува ништо друго, туку да се спасиме од авантуристите кои војната во 2001 година ја почнаа “со ослободување на албанските земји од славомакедонските окупатори“!

Ако ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ можат да коалицираат со ДУИ, зошто да не и меѓу себе? Зошто Албанците би се лутеле, кога самиот Заев рече дека СДСМ повеќе не македонска партија, а неговиот гуру Фрчкоски додаде дека СДСМ е втора по големина албанска партија? Впрочем за СДСМ гласаат и Албанците! Еве им историска шанса да коалицираат со условно македонската ВМРО-ДПМНЕ, тие така мислат за себе! Нека ДУИ дојдат малку при себе, да видат дали боли од кол на кол, до сами со колот. Па, зошто да не?

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малиот гениј Македон ја издаде првата научна книга, на англиски јазик

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на наеговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“. Книгата е на...

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...