16.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаКоха: Договорена е коалицијата СДСМ, ДУИ и ДПА, премиерското место ќе се...

Коха: Договорена е коалицијата СДСМ, ДУИ и ДПА, премиерското место ќе се дели 3+1 година

Рамките на соработката на владата за следните четири години веќе се оформени. Весникот Kоха дознава дека коалицијата СДСМ-БЕСА ќе коалицира со ДУИ на Али Ахмети, а дел од Владата ќе биде и ДПА, на чело со Мендух Тачи. Со ова, парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници.

Официјални лица од обете политички партии потврдуваат за Kоха дека официјализирањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Заев, Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната влада на јавна средба.

Kоха исто така дознава дека е постигнат договор за премиерското место – за СДСМ 3 години и 1 година за ДУИ. Останува само да се договори која партија ќе го има ова место во првата година, велат високи функционери од обете страни за весникот Коха.

Во последните денови меѓународниот фактор инсистираше на што е можно поскоро формирање влада, директно алудирајќи на продолжување на проевропскиот пат, како и на стабилна влада, вели весникот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...