10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридОхрид ќе добие нова монтажна болница со 35 легла за лицата заболени...

Охрид ќе добие нова монтажна болница со 35 легла за лицата заболени со Ковид-19

Општа болница Охрид од Министерсвото за здравство ќе добие монтажна модуларна болница како дел од подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на корона вирус. Со тоа болницата ќе добие тријажен центар и ќе се прошират капацитетите за лекување на болни од Ковид 19, информира Горан Балески, директор на ЈЗУ Општа болница. Двата монтажни објекти ќе се постават во кругот на болницата со што ќе се прошират капацитетите за 35 кревети.

„За модуларните болници имаме голем простор има пристап од две страни за влез и излез по протоколите и проектот за триажен центар. Тие модуларни болници ни се потребни и по завршување на кризата, за која никој не знае како ќе се довива и колку ќе трае. Ќе се искористат и за другите дејности од болницата каде што ќе има преоптовареност на одделите од болницата“.

Министерството за здравство неодамна во системот за проширување на болничките капцитети за лекување на пациенти од Ковид 19 обезбеди монтажни објекти за 16 болници во земјава. Вакви објекти ќе добијат и струшката и битолската општа болница. Со тоа се прават подготовки за зголемен број на болни и од Ковид 19 и од сезонскиот грип. Во поставување на болниците треба да се вклучат и Локалните самоуправи.

„На голема среќа болницата има простор каде што ќе биде монтирана и треба само да се донесат. Градоначалниците и ЈП имаат обврска да ги обезбедат сите постапки кои ги бараат градежните фирми како што се тампонирање и средување на пристапите. Ние имаме обезбедено два приоди и ќе биде сместена модуларната болница зад одделот на геријатрија“.

Станува збор за контејнери од 300 метри квадратни направени со влез и излез, кислородни станици, амбулантен и тријажен дел. Модуларните болници ќе располагаат и со рендген апарат. Во моментов во охридската болница се хоспитализирани 24 пациенти. Од нив 13 се со потврден статус на Ковид 19 и 11 се сомнителни пациенти.
твм

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...