5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаУгостителите доставија предлог протоколи за организирање свадби, и други свечености.

Угостителите доставија предлог протоколи за организирање свадби, и други свечености.

Забрана за играње на подиум, растојание меѓу масите и столчињата и статична музика. Угостителите утринава на состанокот со Комисијата за заразни болести повторно побараа да им се дозволи организирање на свадбени и други прослави според строго утврдени протоколи. Велат дека со одредени ограничувања гостите ќе бидат целосно безбедни, а доколку не им се дозволи ќе бидат принудени целосно да го затворат бизнисот.

„Туристичко угостителската комора уште на почеток на јули изготви предлог-протоколи со кои се предвидува работа во контролирани услови. И, иако тие предлози беа оценети како прифатливи во Комисијата, сѐ уште не се донесени. Безбедносниот аспект мора да биде максимално запазен согласно протоколите за работа. Во спротивно, како и досега, ќе се соочуваме со приватно, во сопствена режија, организирање прослави без соодветни безбедносни протоколи. Во исто време, за разлика од семејните прослави, дозволени се концерти и други настани со далеку поголем број учесници за кои има предвидени протоколи“, велат од туристичко угостителска комора при ССК.

Во слендите два дена се очекува Комисијата да одлучи дали ќе дозволи рпослави или не.

И музичките работници очекуваат Комисијата да даде дозвола за организирање на музички настани во угостителксите објекти, како надвор така и во внатрешните делови. Во нивниот допис потенцираат дека во целост ќе ги поддржат активностите на пазарниот инспекторат доколку никој ги прекршува протоколите за време на музички настан во објектите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...