8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаПоради несовесните туристи од денес црквата Св. Софија во Охрид ја чува...

Поради несовесните туристи од денес црквата Св. Софија во Охрид ја чува обезбедување.

По силните реакции во јавноста за недоличното однесување на младите во вечерните часови во предворјето на катедралната црква Св. Софија, за што пишуваше OhridNews, Дебарско – кичевската епархија ангажираше физичко обезбедување кое ноќе го чува ова свето место. Неканетите гости зад себе оставаа купишта ѓубре не водејќи ни малку грижа за значењето на ова заштитено културно наследство од непроценлива вредност за православието во целиот свет.

Дебарско – кичевската епархија пред неколку години комплетно го уреди дворот и ја огради црквата Св. Софија со цел да ја заштити, што наиде на бурни реакции од локалните жители, а најмногу поради тоа што беше затворен преминот низ црквата од западната страна во вечерните часови. Случајот заврши на суд, по што портите од предворјето на Св. Софија повторно беа отворени постојано.

Но, слободата на движење ова лето им дојде преку глава на локалните жители кои секојдневно ја алармираа полицијата за непријатните случувања во предворјето на Св. Софија, што наметнува потреба таа соодветно да биде заштитена.

Извор: OhridNews Г.М

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...