0.9 C
Ohrid
петок, декември 13, 2024
ПочетнаМакедонијаОва е местото каде загинал Питу Гули

Ова е местото каде загинал Питу Гули

spot_img

Дарко ЈАНЕВСКИ

Кога од главниот пат скршнувате кон Мечкин Камен каде секоја година главешините на оваа држава се топорат, десно од патот се одвојуваат две патеки. Доволно широки за по нив да оди и автомобил.

Тие две земјени патеки, по кои крушевчани навлегуваат длабоко во планината за да „собираат“ дрва за зимата, по неколку минути возење се спојуваат во еден пат. Тој води по падината на планината на чиј врв е споменикот, а по неколку километри, од него, се излегува на стариот пат кон Демир Хисар, по кој се одело во 1903 година.

Патот води кон еден планински извор на вода каде што е изградена чешма. До 1953 година на тоа место имало бетонски крст на кој пишувало дека Питу Гули загинал токму таму. Тој крст бил поставен од Бугарите, најверојатно 1943 година, по повод четириесетгодишнината од Илинденското востание, со цел да се одбележи местото на кое загинал војводата, барем според сведоштвата од тоа време.

Крстот беше фрлен во провалијата на околу дваесетина метри под чешмата и беше затрупан од десетици и стотици ќеси со ѓубре кои крушевчани ги фрлале во долот меѓу стогодишните дрвја. На него ги има буквите ‘Т’ и ‘Г’ како и бројките ‘1’, ‘0’ и ‘3’. После единицата недостига бројот ‘9’. Буквата Т е почетна од зборот „ТУК“, односно зборот „тука“ на бугарски, а буквата Г од презимето на војводата.

Целиот натпис според сведоштвата и според реконструкцијата што може да се направи, гласи:

„Тука е убиен Питу Гули 1903“.

Крстот бил фрлен во провалијата во педесетите години, а го извадиме на патот пред 13-14 години. Помисливме, но не бевме во можност да го однесеме во Скопје, бидејќи сепак станува за грамадна и тешка бетонска творба.

Пред десетина години, при една посета на Крушево по повод уште едно сведоштво за Крушевската Република и битката за нејзе, свратив до чешмата и крстот се уште беше таму. Некој го подигнал и го потпрел на блиското дрво. Не знам што во меѓувреме се случило со него.

Приказната што ја раскажува крстот е дека Питу застанал кај Биринската чешма, како што се нарекува ова место и тука дошло до престрелка со турската војска која надоаѓала при што загинал.

Приказната за тоа дека на ова место загинал Питу Гули ја поткрепува и Никола Киров Мајски, според кого судирот кај Мечкин Камен започнал во десет часот и траел до вечерта на 12 август. Во битката учествувале 370 борци под команда на војводата Питу Гули.

Како што тврди Мајски, кога војводата демонстративно ја напуштил седницата на Војводскиот совет и тргнал кон ‘Мечкин камен’, таму веќе се воделе борби кај ‘Којов трн’, ‘Кале’ и кај ‘Свети Спас’, што значи дека Турците веќе биле стигнати.

Во меѓувреме почал и крвавиот судирот на ‘Мечкин камен’, кој траел до 7 часот вечерта кога непријателот се приближил на само околу десетина метри до окопите на востаниците.

Опишувајќи ја битката, Никола Киров Мајски спомнува дека ‘кај чешмата падна убиен знаменосецот, а еден куршум ги пронижа градите на војводата’.

Доколку тоа е истата чешма, а друга чешма горе, на ‘Мечкин камен,’ нема, тогаш Питу Гули навистина загинал токму таму каде што до педесеттите години на минатиот век имало и крст за спомен на тој настан на кој, на бугарски пишувало: ‘Тук е убит војводата Питу Гули, 1903’.

Сепак, за разлика од сведоштвата дека Питу Гули загинал на почетокот од битката на ‘Мечкин Камен’ враќајќи се од градот, Никола К. Мајски тврди дека тоа се случило на крајот од битката на ‘Мечкин камен’. Како и да е, ноќта околу 9 часот, на тоа место веќе не се слушале никакви човечки гласови.

denesen vesnik

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско

Запленети околу четири тона марихуана во валандовско Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје...

Момчето кое „го хејтаа“ македонците, постави нов рекорд !!!

17-годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ од Македонија го направи невозможното! Во дисциплината 400 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта постави: Апсолутен рекорд на Македонија...

Кривични пријави против, Фестим Халили и Коста Петров, поранешни директори на Фондот за иновации

Кривични пријави се поднесени против поранешните директори на ФИТР, Фестим Халили и Коста Петров, за злоупотреба на службена положба и овозможување незаконски исплати на...

Костадиновски: Лага и манипулација е дека ќе биде укинат албанскиот јазик, никој не го доведува во прашање

Во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, рече дека не е точно оти судот го укинал „балансерот“. манипулација...