11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотБајден им го честиташе Илинден на МАКЕДОНСКИТЕ АМЕРИКАНЦИ

Бајден им го честиташе Илинден на МАКЕДОНСКИТЕ АМЕРИКАНЦИ

„Овие настани го трасираа патот за една суверена, плуралистичка и  мултиетничка република, длабоко почитуван и ценет член на евроатлантската заедница кој САД со гордост го нарекуваат пријател и сојузник“, порача поранешниот потпретседател на САД.

Од мое и име на сопругата Џил испраќаме честитки до македонско-американската заедница по повод празникот Илинденско востание од 1903 година и антифашистичката декларација од 1944 година, стои во соопштението од синоќа на Џо Бајден, поранешен потпретседател на САД.

Бајден, кој со актуелниот претседател Доналд Трамп, ќе се бори на изборите годинава во ноември како кандидат на Демократската партија, во честитката по повод Илинден ја нарече нашата земја „пријател и сојузник“.

Македонските Американци го имаат зацврстено и збогатено американското општество уште одамна, укажа тој.

„Како пријател на македонските Американци, јас заедно со вас ги славам вашите успеси. Вие сте потсетник дека САД остануваат светилник на надежите, слободите и можностите“, истакнува Бајден.

Бајден додаде дека како претседател, со нетрпение очекува да работи со, како што стои во соопштението, вашата заедница за да се постигнат целите за уште помирна, просперитетна евроатлантска иднина на целиот регион.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...

Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста

Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат...

Пазарната инспекција ќе контролира кој ќе работи на изборните неработни денови

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на шеснаесеттата седница одржана на...