11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветДали Русија ќе го спаси светот од Ковид-19?- Лицата кои ја примиле...

Дали Русија ќе го спаси светот од Ковид-19?- Лицата кои ја примиле руската вакцина против Ковид развиле имунитет

Завршните лекарски прегледи на волонтерите кои учествувале во клиничките испитувања на вакцината против Ковид-19 покажале присуство на имунитет и отсуство на нуспојави, објави денеска руското Министерство за одбрана.

Резултатите од студијата покажале дека сите волонтери имаат јасен имунолошки одговор како резултат на вакцинација, се наведува во соопштението кое го цитира Танјуг.

Нема нуспојави, ниту се регистрирани неправилности во телесните функции на волонтерите, соопшти Министерството.

Конечниот лекарски преглед бил извршен денеска во Главната воена клиничка болница Бурденко.

Руското Министерство за одбрана истакна дека сите фази од развојот и тестирањето на вакцините биле во целосна согласност со протоколот за клиничко испитување.

Волонтерите се вратиле во болницата 42 дена после вакцинацијата и поминале сеопфатен медицински преглед, се наведува во соопштението.

фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...