5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: За 10 до 15 дена ќе има влада, не е проблем...

Заев: За 10 до 15 дена ќе има влада, не е проблем да коалицираме и со ДУИ сите опции се отворени  

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите политички партии за состав на нова влада, а за 10 до 15 дена очекува да има исход од преговорите. Тој рече дека коалицијата предводена од СДСМ може да формира влада со ДУИ, Алијансата и Алтернативата, но додаде дека тоа зависи од отстранувањето на национализмите, прочистувањето на правосудството, проверката на имотот и капиталот на секој функционер што е избран и од кадровскиот потенцијал.

„Сите опции се отворени во преговарачкиот процес. Ќе разговараме за влада која е решена и што ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа. Секој ќе си ја сноси својата одговорност, без разлика дали е познат или непознат, експерт, функционер. Особено внимание ќе посветиме на проверката на потеклото на парите и капиталот и прочистување на судството. Екодржава ќе биде една од најсериозните теми на која ќе се посветиме. Идните фактори во идната влада ќе мора да се посветени и на силна реформа на јавната администрација, но и промена за намалување на администрацијата за 20 проценти, помал број министри и поголем број и побрзи услуги за граѓаните. Владата за која ќе разговараме ќе води грижа за најсиромашните граѓани, ќе даваме поддршка на економскиот сектор. Ние во овој момент почнуваме со сериозни разговори, поставени на сериозни принципи, кои ќе донесат влада што ќе движи напред. Влада посветена на економијата и правдата. Влада што ги отвора преговорите за членство со ЕУ, влада што со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот, тука во нашата убава земја“, рече Заев.

Од денеска членови на партиите ќе имаат состаноци со сите партии од албанскиот политички блок, а Заев истакна дека на првите средби не се очекува напредок во преговорите.

„Очекувам дека за 10 до 15 дена ќе имаме исход од овие преговори и дека многу бргу ќе ги кренеме сите македонски институции во полн капацитет за да може да се справуваат со најголемиот предизвик – Ковид-19. Пред нас е есен што носи нова учебна година, нова грејна сезона, нови предизвици за болниците, нова борба за јавното здравје и економскиот напредок. Не чека двојно повеќе и подобра работа со ангажман на секој од нас“, додаде Заев.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...