6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаАвстралијаОд затвор во Австралија излезе српската турбофолк пејачка , уапсена за грабеж

Од затвор во Австралија излезе српската турбофолк пејачка , уапсена за грабеж

Српската турбофолк пејачка Романа Паниќ, која беше уапсена во Австралија пред околу еден месец за ограбување банкомат, е ослободена од затвор.

Таа помина 40 дена во затвор, а беше пуштена на слобода за добро однесување, пренесува Курир. Заедно со нејзиното момче , агент за недвижнини Филип Мркајиќ украла пари во вредност од 14.400 евра. Австралиската полиција ги пронајде од безбедносните камери во банките додека поставиле нелегални уреди на банкоматите.

Момчето е задржано во затвор, а тој ќе треба да ги врати украдените пари или да ја надомести штетата со социјално корисна работа. Во меѓувреме, Романа чека да биде екстрадирана во Србија.

„Романа наскоро ќе се врати во Белград. Нејзиното момче се согласи да ги врати парите што ги украле. Таа сега се чувствува подобро , затоа што конечно се враќа во својата земја“, изјавила пријателка на Романа.

“Таа исто така ми кажа дека вакво нешто никогаш повеќе нема да и се случи, дури и ако мора да моли на улица! Неколку пати повтори дека се чувствува лошо затоа што се посрамотила и себеси и нејзиното семејство. Не знае како да се појави пред нејзината мајка, која е очајна за целата ситуација “, додаде таа.

По ослободувањето од затвор, Романа објави селфи на својот Инстаграм профил.

Извор Канал 5

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...