23 C
Ohrid
петок, септември 25, 2020
Почетна Македонија Беким Асани од ЛГБТИ добил боксови во Тетово -Тепачите сеуште на слобода

Беким Асани од ЛГБТИ добил боксови во Тетово -Тепачите сеуште на слобода

Translate (Eng):[gtranslate]

Претседателот на организацијата ЛГБТИ Јунајтед од Тетово, Беким Асани вчера бил физички нападнат од две лица.

Додека се возел во својот автомобил, друго возило застанало пред него, по што му било дофрлено „А ти си тој пе*ерот“, а потоа бил и физички нападнат.

„Ме удираа со боксови по лицето“, напиша на Фејсбук активистот Асани, додавајќи дека бил со боксови и клоци нападнат од две лица кои набрзо потоа побегнале.

РЕКЛАМА

Случајот бил пријавен во полиција, но засега нема информации дали од МВР успеале да ги откријат напаѓачите.

- Реклами -