9.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаСветВидео-Бејрут ден по експлозијата – болниците се преполни, луѓето во шок бараат...

Видео-Бејрут ден по експлозијата – болниците се преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии кои што разнесоа магацин и бројни објекти на пристаништето.

Спасувачите ги извлекуваат телата на починатите и на повредените од под урнатините, а според тамошните медиуми, во болниците нема веќе место за згрижување на повредените.

Според министерот за здравство Хасан Хамид, болниците се полни со повредени лица, така што во хотелите во центарот на Бејрут ќе бидат сместени пациенти на кои не им е потребна операција.

Делот од градот каде се случи експлозијата е уништен, а голем број на згради се сериозно оштетени. Експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, според германскиот геонаучен центар ГФЗ, а се слушнала и се чувствувала до Кипар, на повеќе од 200 километри преку Медитеранот, пренесува АП.

Силни сигнали од експлозијата во Бејрут беа откриени и од станиците на Меѓународниот систем за следење на спроведувањето на Договорот за забрана на нуклеарни тестови во Тунис и Германија.

Во експлозијата во магацин за пиротехника загинаа над 100 лица, а повеќе од 4.000 се повредени.

Tocka.mk

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...

Боки 13: Вилма Рускоска на прославата од 1-Тв беше пијана, се вртеше како Рингишпил.

По повеќегодишна медиумска апстиненција и 4 години поминати во затвор, Боки 13 вечерва гостува во поткастот на Стефан Лазаров. Како и секогаш, искрен и без...

Боки 13: Со Шарената Револуција почна рекетот во Македонија.

Шарена Револуција од овој аспект сметам дека беше политички инструмент. Покрај алатка за да стигне до власт, тука е почнат рекетот во Македонија. Тука...

Ковачевски се надоврза на Ахмети и Мицкоски: Овие избори не се за бисквити и гурабии, туку се клучни за иднината

Кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа веднаш ме потсетува на она што се случи пред дваесет и нешто години по планините околу нас, рече...