10.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПронајдениот череп во Долно Дупени е на 53-годишен скопјанец. Од Мвр велaт...

Пронајдениот череп во Долно Дупени е на 53-годишен скопјанец. Од Мвр велaт дека е пронајден и убиецот.

Череп и остатоци од човечки труп во распаѓање се пронајдени во околината на село Долно Дупени, Преспа. Од МВР соопштија дека пронајдените остатоци од телото се подигнати и по наредба на ОЈО Битола се предадени на Одделението за судска медицина при Клиничка болница Битола, каде беше извршена обдукција, при што се утврди дека смртта била насилна, со испукување проектил од огнострелно оружје во пределот на задниот дел на главата. Извршена е и идентификација на жртвата, и се утврди дека се работи за лицето М. А. (53) од околината на Скопје.

СВР Битола – Одделението за криминалистичка полиција, во соработка со Единицата за крвни и сексуални деликти од Секторот за општ и насилен криминал во БЈБ и Одделението за крвни и сексуални деликти – СВР Скопје во соработка со ОЈО Битола, изминатиов период превзедоа низа истражни дејствија поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Убиство“ по член 123 став 1 од Кривичниот законик, извршено во околината на селото Долно Дупени – Ресен.

Имено, на 27 и 28 јули пронајдени се череп и остатоци од човечки труп во распаѓање во околината на селото Долно Дупени. Како резултат на преземените истражни дејствија се утврди дека делото е сторено на ден 30.06.2020, а како сторител на делото е осомничено лице од Скопје. Врз основа на резултатите од истрагата, од страна на ОЈО Битола поднесен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, а од страна на судија на предходна постапка при Основен суд Битола за осомниченото лице е определена мерката притвор.

И покрај определениот притвор се продолжува со превземање дејствија за целосно расветлување на настанот, велат од МВР

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...