5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаБујар Османи: Лага е дека Лазар Еленовски ќе биде премиер на Северна...

Бујар Османи: Лага е дека Лазар Еленовски ќе биде премиер на Северна Македонија.

Во моментот кога ќе има нешто конкретно граѓаните ќе бидат информирани. Мислам дека постои едно оптимално решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и во интерес на државата, изјави Бујар Османи за Сител.

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи гостуваше во вестите на Сител каде истакна дека преговараат со сите партии за што побрзо формирање на Влада и институции.

-И вчера кажав деновиве има толку многу информации непроверени од сите страни што не можеме да постигнеме да одговориме на сите тие информации. Бараме јавноста да почека да ги добива информациите од партиите кои се учеснички во формирањето на мнозинството, а тие информации ќе бидат навремени и службени. ДУИ прави сериозни напори овие денови што е можно побрзо да се формираат институциите сепак граѓаните имаат што побрзо потреба да се формираат владата и институциите за да се справат со сите предизвици. Оптимист сум дека брзо ќе дојдеме до решение- рече Бујар Османи.

-Сметаме дека е здраво да се разговара со сите со цел да се разгледаат ставовите на сите политички партии за да се дојде до едно одржливо решение со цел побрзо формирање на институциите. Претседателот Ахмети го води овој процес и не ги исклучува сите политички партии во разговорите. Апсолутно не е точна информацијата дека Лазар Еленовски ќе биде премиер. Ние си имавме кандидат за премиер на изборите и таквите шпекулации се со намера да наштета на ДУИ да наштетат на процесот. Во моментот кога ќе има нешто конкретно граѓаните ќе бидат информирани. Мислам дека постои едно оптимално решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и во интерес на државата, изјави Бујар Османи.

Слободен Печат

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...