10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаВевчанци со своја национална криптовалута, која е наречена ''КриптоЛичник''

Вевчанци со своја национална криптовалута, која е наречена ”КриптоЛичник”

Веројатно не постои Вевчанец било каде во светот кому барем еднаш во текот на денот мислата за миг не му одлета во родното Вевчани.

Веројатно, не постои таков кој не знае што значи датумот седми август во историјата на современо Вевчани. Најмалата општина на Балканскиот полуостров, општина Вевчани е одамна синоним за раѓањето на демократијата на овие простори, за победата на либерално-демократските вредности и слободи на залезот од југословенската федерација, но и за здрав и непоколеблив патриотизам и слободарски дух.

Во втората декада од дваесет и првиот век, во чест на 07. Август 2020 година, како иницијатива на неколку млади и високообразовани Вевчанци и во соработка со кабинетот на градоначалникот на Општина Вевчани – првата крипто-валута, насловена „Крипто Личник“ е пуштена во употреба со неколку трансакции на симболични суми од „Крипто Личник“ кон неколку заслужни граѓани за раѓањето и идејата на Република Вевчани. Авторот на националната крипто валута на Република Вевчани и нејзиниот иден почесен граѓанин е г. Јордан Стојановски, кој е докторант на компјутерски науки на Универзитот Мичиген и долго време работи на полето на безбедност на крипто -валутите и нивната употреба, а живее и работи во градот Њујорк. Врската Вевчани-Њујорк беше интензивна во овој подолго планиран проект, а Стојановски како голем вљубеник во Вевчани и инспириран од неговиот слободарски дух, ги надогради вевчанските пари – Личници во форматот на 21 век, крипто валута –„ Крипто Личник.“ . Телефонските врски на големи далечини се одамна реалност благодарение на „Пупиновите калеми“, па врската Вевчани – Њујорк не е воопшто нова. Така, личниците се конечно апгрејдирани -што би рекле едуцираните компјутерџии, или „кеш застана учителон Симун – кушувешов Јордан е добошка“ што би рекле старите Вевчанци.

Симболичката Вевчанска Република оваа крипто валута ќе ја усвои за своја национална крипто валута и со тоа станува втората земја во светот после НР Кина која има своја национална крипто валута. Можеби за многумина смешно, но ете, вистинито и реално.
Вевчанец, не е место на раѓање, Вевчанец е карактер и сон, пркос кон гола моќ и безумна сила, жед за напредок, вечна борба за слобода и правда, жед за светлина во духот и жед за знаење, бдеење и почит над традицијата, ама и вперен светол поглед кон иднината.
Во свет кој надмина седум и пол милијарди жители, Вевчанци и оние кои се чувствуваат како такви според својот карактер, волја и сој, сега поседуваат една од постоечките над 1200 крипто валути на денешницата.
Првпат употребените електрични пендреци врз цивилно население, врз мајки и деца се случиле во нашето Вевчани. Драги Вевчанци, така 07 Август 1987 година, остави жиг во нашите сеќавања и срца. Но, наместо страв и немоќ, тие кај нас ја доутврдија нашата желба за слобода и здрав дух, ние со сочуваните извори на нашата земја денес и подаривме едно од најубаво уредените туристички места. Без сомнение нејзиното најчисто и нај-еколошко населено место сме денес. Ниту село, ниту пак град, ами уникат, Держава Вевчани е приказна за себе! Убава приказна.
Денес, електричната енергија се користи за рударење на крипто-валути.
Да живее Вевчани и духот вевчански! Да не чуват личникон! За многу години!

Извор: Охрид Нет

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.. Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори....

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...