9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонија32 годишен Теовчанец вработен во Македонска пошти, им ги крадел пензиите на...

32 годишен Теовчанец вработен во Македонска пошти, им ги крадел пензиите на клиентите.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.С.(32) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, вработен во Македонска пошта – подружница ЦРПС Тетово, Долно Палчиште, тетовско, ја злоупотребил службената положба и овластување така што во временскиот период од јануари 2020 до 28.04.2020 извршил неовластено присвојување на парични средства во негова корист од трансакциска сметка на клиентот Л.Ј., примател на пензија. Имено, пријавениот секојдневно реализирал исплата и уплата од трансакциска сметка, со цел да го покрие недостатокот во благајната, со тоа што извршил злоупотреба на трансакциска сметка сопственост на оштетената и го извршил и кривичното дело „злоупотреба на лични податоци’’. При извршената контрола од страна на инспектори при АД Пошта на Република Северна Македонија било констатирано дека пријавениот имал недостаток во благајната од 83.822 денари, а за извршените исплати и уплати не испраќал никаков документ и во неколку наврати ги потпишувал сам или воопшто не ги потпишувал.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...