24.9 C
Ohrid
четврток, јули 10, 2025
ПочетнаМакедонијаЈорген од Шведска одлично се вклопи во работата со новите колеги, велат...

Јорген од Шведска одлично се вклопи во работата со новите колеги, велат на Инфективната клиника

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам за цивилна заштита за да им помогне на своите колеги во Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби при нега на пациенти болни од Ковид19 – инфорираа од Министерството за здравство

<

Од Инфективната клиника велат дека Јорген одлично се вклопи во работниот процес со своите нови колеги. Тој им ги пренесе своите искуства на колегите од нашата држава, а тие му помогнаа да се вклучи во работните процеси.

– Неизмерно сме благодарни на неговата солидарност и желба за помош и се надеваме дека ваквите иницијативи за меѓусебно помагање ќе продолжат и во иднина – изјавуваат од клиниката.

Неговиот работен ангажман ќе трае еден месец. За целиот овој период тој ќе работи на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Преку Дирекцијата за заштита и спасување, која е главен координатор на европскиот механизам за цивилна заштита од почетокот на кризата со ковид-19 досега беше реализирана поддршка за повеќе државни институции во нашата земја меѓу кои и за МЗ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мвр го откри сторителот кој со јаже го имаше врзано сопственото дете !!

Кривична пријава за насилство врз дете против маж од струмичко, насилно се однесувал кон 11-годишната ќерка Денеска (10.07.2025) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица...

Весна Петрушевска остро им возврати на сите кои ја нападнаа за аферата со Бранко Црвенковски.

Откако сподели дека во младоста имала афера со Бранко Црвенковски додека тој бил женет, Весна Петрушевска стана мета на бројни коментари. Популарната актерка не...

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка. Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на...

Стојанче: Наместо дронови, на тие што седат пред продавниците во селата, да им дадеме по едно пиво, и да ни кажуваат каде гори !!!

Со пиво пред кооперација наместо со дронови од воздух. Стојанче Ангелов за рана детекција на пожари. Ангелов е директор на Дирекцијата за заштита и...