9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаТројца позитивни на Ковид-19 од забавите во Градиште-Охрид !!!

Тројца позитивни на Ковид-19 од забавите во Градиште-Охрид !!!

Тројца позитивни на ковид 19 кои биле на забавите во Охрид за продолжениот илинденски викенд, дознава Канал 5 од болнички извори.

Заразените се со благи симптоми и се на домашно лекување. Од денеска стартуваат и анкетите на заразените со кој се биле во контакт и до среда треба да се знае точната бројка на луѓе кои би заминале во самоизолација и се заразиле од нив.

Очекувана е бројката од 200те ново заразени од Ковид 19 и нови кластери по забавите на излетнички места, а бројката ќе се задржи И со можност да биде и повисока“, вели епидемиологот Даниловски.

За професорот Даниловски и во наредните денови треба анкетите на заразените од овие кластери да покажат со колку луѓе имале контакт. За него загрижувачки е што се уште има забави како на пример во Струмица, а и покрај големиот број на болни и починати забавите не престануваат.

Според епидемиологот токму ваквото однесување непочитувањето на мерките создава страв и несигурност колку децата се подготвени во училиште да следат настава без претходна навика да носат маски и да држат дистанца.

Утре комисијата за заразни болести треба да донесе препораки во какви услови и на кој начин ќе почне учебната година од септември дали таа ќе биде онлајн, во училишни клупи или комбиниран начин на образование.

канал5

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...