9.4 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаБил Гејтс даде предвидување за крајот на пандемијата

Бил Гејтс даде предвидување за крајот на пандемијата

spot_imgspot_img

Никој од надлежните институции и организации во моментов не осмелува да каже точно кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот, иако во моментов тоа е една од најбараните информации во светот.

Сепак, Бил Гејтс, основач на „Мајкрософт“ и технолошки могул, има свое предвидување. Тој смета дека луѓето низ светот ќе го дочекаат крајот на пандемијата во различни периоди, во зависност од тоа дали живеат во земји во развој или побогати земји како САД.

„Иновациите за подобрување на дијагностиката, новите терапии и вакцините се навистина импресивни“, рече Гејтс за списанието „Вајрд“ во интервју објавено во петокот.

„Поради тоа, мислам дека пандемијата во голема мерка, особено кај богатите земји, би можела да заврши уште кон крајот на 2021 година. Во светот во целина, тој рок би бил продолжен до крајот на 2022 година“, рече Гејтс.

Основачот на „Мајкорсофт“, кој финансира медицински истражувања и активности за пронаоѓање на вакцина против вирусот, не е претеран оптимист во однос на неговото искоренување. Тој е свесен дека, дури и ако се оствари неговото предвидување, пандемијата ќе уназади многу земји во светот, економски и инфраструктурно.

Во своето интервју, Гејтс остро го критикуваше и американскиот систем за тестирање за коронавирус и изрази фрустрација за тоа како претседателот Доналд Трамп и неговата администрација постапуваат по однос на пандемијата.

Технолошкиот могул верува во пронаоѓањето на вакцина против Ковид-19, но посочува дека некои вакцини ќе им помогнат само на богатите и развиените земји, кои ќе можат да дојдат до големи количини од истата.

„Оваа болест, според првичните податоци од тестирањата на вакцини врз животни и податоците од тестирањата во прва фаза, се чини дека е многу излечива по пат на вакцинација“, истакнува Гејтс.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...