8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаИ онака не се почитуваа мерките но од денес официјално владата дозволи...

И онака не се почитуваа мерките но од денес официјално владата дозволи во автобусите да се превезуваат поголем број на патници.

Иако по закон требаше автобусите да возат со 50% исполнетост но никоја автобуска компанија не се придржуваше на тоа… Градските автобуси беа преполни со работници кои се враќаа од работа, полни комбиња на туристи кои се превезуваа низ охридските плажи, но од денес официјално автобусите ќе може да возат со поголем капацитет.

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница.

„На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50 проценти, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75 отсто од вкупниот капацитет на возилата“, информираат од Владата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...