12.7 C
Ohrid
вторник, октомври 27, 2020
Почетна Македонија Ахмети покрај тоа што барал Албанец да биде премиер една година исто...

Ахмети покрај тоа што барал Албанец да биде премиер една година исто така барал и гувернер, МВР, финансии, УЈП??!

Translate (Eng):[gtranslate]

Зоран Заев утре ќе стане мандатар – во наредните 20 дена ќе се обиде да стигне до парламентарно мнозинство. Со лидерот на ДУИ Али Ахмети да се најдат на половина пат околу клучниот проблем – дел од премиерскиот мандат да биде поделен или да најде дополнителни пратеници што би ја подржале неговата влада со Села и Гаши, пишува Либертас.

Заев денеска го информирал шефот на државата за текот на преговорите за мнозинство кои се уште не се финиширани со договор.

„Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата“, стои во соопштението од Вила Водно.

РЕКЛАМА

Дека нема договор за тв 24 потврдуваат и од СДСМ и велат разговорите продолжуваат. Според неофицијалните информации, нов обид да се испеглаат разликите и да се приближат позициите се очекува лично од лидерскиот двоец Заев-Ахмети уште утре, засилени од секретарите на партиите.

Не се прецизира конкретно средбата, но висок партиски финцкионер вклучен во преговорите за ТВ 24 вели дека што и Заев и Ахмети ќе бидат утре во Скопје, е логично за да се видат.

Според информациите на тв 24 предлогот што Ахмети го става на маса е една година, првата од новиот мандат, премиер да биде Насер Зибери, три години потоа Зоран Заев. Освен премиер, на стартот на преговорите во списокот на позиции на ДУИ, според извори од Мала Речица се и гувернер, министри во финансии и МВР, администрација, вицепремиер за економија, но и директор во УЈП.

„Насер Зибери за премиер ќе биде избран со 74 гласа, Зоран Заев со 61, нели е тоа доволен показател, дека компромост што ние го ставме на маса има и посериозен кредибилет , но е и влог во индината, особено кога следната година ни претстојат локални избори, па потоа и претседателски.“ – вели за тв 24 видок партиски функционер од ДУИ.

Според неофицијалните информации, во таа една година во Владата би имал можност да учествува и Заев како еден од вицепремиерите, што би значело и координација и заедничко носење на одлуките, доколку од СДСМ стравуваат дека Зибери и ДУИ би донеле одлука на штета на граѓаните.

Според истите извори, Ахмети е подготвен и за компромис, по формулата 3+1, односно ДУИ со премиер да го заврши мандатот. Велат дека во пакет се преговара и за соработка на локалните избори, но и на претседателските.

Планот под Мала Речица предвидува дека доколку ДУИ го даде премиерот, за тоа време, претседател на Собрание би бил од СДСМ. Идејата на ДУИ засега проблематична за СДСМ. Според партиски извори, се сфаќа како уцена од Ахмети лично за Заев. Токму тоа според информациите и Заев му го кажал на лидеро на ДУИ.

Оттаму според неофицијалните информации очекуваат Ахмети да се повлече од оваа идеја, бидејќи велат дека е неизводлива во пракса. Официјално од СДСМ само велат дека преговараат.

„Во тек се сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.“ – стои во соопштението од СДСМ.

Во часот кога Заев ќе го добие мандатот од претседателот Пендаровски, Али Ахмети ќе ги чека лидерите на партиите на албанците во хотел „Парк“ во нов обид да ги построи зад неговата идеја албанец-премиер. Сепак речиси е извесно дека ќе остане сам.

Заев пак во пресрет на средбата што ја заговара Ахмети на како што велат од СДСМ, приватен ручек со лидерот на Алтернатива Африм Гаши. Гаши не коментира, но партиски функционер од партијата на Зијадин Села нивни коалициски партнер, тврди дека состанокот во скопски „Белви“ бил во насока на формирање влада и дека Села бил информиран за него.

Извор: Либертас

- Реклами -