10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија нема да ја набави Руската вакцина.

Македонија нема да ја набави Руската вакцина.

Со првата регистрирана вакцина во светот против ковид-19, којашто ја прими и ќерката на претседателот на Русија, Владимир Путин, нема да се вакцинираат граѓаните на Македонија.

– Во однос на руската вакцина, Северна Македонија не е во преговори за набавка на оваа вакцина, а достапноста на вакцината зависи од политиката на производителот – одговорија денеска за Плусинфо од Министерството за здравство.

Во врска со тоа што доколку некои македонски граѓани решат сами да ја набават оваа вакцина, надлежните немаа прецизен одговор.

За заштита на населението против новиот вирус со вакцина, Македонија досега добила покана од три организации.

– Организациите GAVI/Глобална Алијанса за вакцини и имунизации, CEPI/Коалиција за иновации за подготвеност за епидемии и WHO/Светска здравствена организација упатија покана до Владата на Република Северна Македонија да се приклучи кон акцијата/проектот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за ковид-19 преку таканаречен COVAX механизам. COVAX механизмот (Глобален пристап до вакцини за ковид-19) се очекува да резултира во изнаоѓање вакцина и ставање на пандемијата под контрола во најбрз можен рок преку заедничко здружено инвестирање, споделен ризик, здружени набавки и рамномерна дистрибуција до земјите учеснички – појаснуваат од Министерството.

За ова, како што додаваат, во изминатиот период имало неколку состаноци, на кои се разговарало за детали околу испорака, набавка, количини и начин на дистрибуција.

– Ова практично значи дека во моментот кога преку таканаречениот Ковакс механизам вакцината за ковид-19 ќе биде достапна во светот, ќе биде достапна и во нашата земја – нагласуваат надлежните.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...