13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаАспасиев -Барам канцеларија во собрание за веднаш да почнам борба против лихварство...

Аспасиев -Барам канцеларија во собрание за веднаш да почнам борба против лихварство и должничко ропство

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи по повод затворањето и стечајната постапка за Еуростандард банка.

Според него, „подмолната игра околу пропаста на Еуростандард банка и тргувањето со инсајдерски информации од страна на Гувернерката и Министерката за финансии ќе биде тригер за иницирање голема реформа на банкарскиот сектор – преку она што ние го нарекуваме АНТИЛИХВАРСКО ЗАКОНОДАВСТВО.“

„Овие мерки ќе бидат предложени во најскоро време од страна на пратениците на Левица, со цел ослободување на народот од должничкото ропство спрема алчните банкари. Уште денес ќе одам во Собранието на Република Македонија и ќе барам да ми биде доделена канцеларија, бидејќи чим СДС си толкува дека „парламентот е конституиран“, тогаш по закон се должни да ни обезбедат соодветни услови за работа, а не да чекаме у ходници како некои кираџии“, стои во објавата на Фејсбук на Апасиев.

Тој нагласува дека веќе од следната недела ќе се консултира со еминентни професори од економските факултети ширум Македонија за да стави крај на правната несигурност која илјадници сограѓани, преку ноќ, ги доведува на раб на нервен слом и им ги уништува животите, а ниту еден банкар досега не одговарал кривично за она што го предизвикал.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...