14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаКостовски: Сценариото е правено со месеци наназад – тие кои знаеле дека...

Костовски: Сценариото е правено со месеци наназад – тие кои знаеле дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, за банката да пропадне, а истовремено тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите.

„ Ова е добро планиран атак врз Еуростандард банка. Ова е сценарио коешто е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во Народна Банка на време биле известени да си ги повлечат парите бидејќи тоа и тоа и следува на Еуростандард банка“,истакна Костовски.
Бизнисменот Костовски го обвини Управниот одбор за пропаѓањето на банката. Тој на денешната прес-конференција, заедно со неговиот син најавија дека правдата ќе ја бараат надвор од земјава.

„Ќе одиме пред сè во арбитража, каде што доколку го добиеме спорот што ќе го отвориме понатаму, средствата ќе бидат наменети за нашите коминтенти“, најави Коста Костовски.
Трифун Костовски ситуацијата ја опиша како кога „за кило месо, убиваш вол“.

„Нашата вина ја лоцираме во изборот на Управниот одбор, не пренесоа жедни преку вода, нè наместија“, рече Костовски.
„А какви можеме да бидеме на пазарот, кога една година сме комплетно блокирани да работиме со правни и приватни лица. Преку ‘Еуростандард’ и така блокирана, 26 отсто од вкупниот платен промет се одвиваше преку таа банка заедно со Македонски пошти“, рече Костовски во изјавата за медиумите.

лидер

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...