6.8 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонија„Лопови“, „Крвта ни ја пиете“ – Втора недела протести поради поскапувањето на...

„Лопови“, „Крвта ни ја пиете“ – Втора недела протести поради поскапувањето на струјата

„Лопови“, „Социјална правда“, „Крвта ни ја пиете“, се само дел од скандирањата на демонстрантите на протестот кој започна кај „Жена Парк“ поради револтот за покачувањето на цената на струјата за 7.4 отсто од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Втора недела по ред, граѓаните протестираат низ скопските улици поради ваквата одлука, пишува радио моф.

Протестот започна на две локации во Скопје, односно од паркот во Чаир и од „Жена Парк“ во центарот на градот. Двете групи се споија кај трговскиот центар Мавровка, а додека се приближуваа, ечеа извици „Заедно сме посилни“. Оттука продолжија до Владата.

Пред Владата, имаше обраќања на македонски и на албански јазик. Еден од говорниците беше и синдикалецот Марјан Ристески кој испрати порака до надлежните да се вразумат, и посочи дека граѓаните се при крај на трпението.

„Гледате што се случува, не сакам да зборувам кои сценарија се припремаат, ние како одбор се трудиме да бидеме, еве гледате и денеска, не сме многу масовни, меѓутоа нека не спијат на тоа уво дека ова ќе заврши вака. Ова стана народно движење, кое нема сила да го сопре. Апелирам до сегашната Влада, поготово до РКЕ и поготово до тие три претпријатија што служат енергија, да смогнат сили како што ја покачија струјата, така да ја повлечат. Немој да мислат дека ова го направија во еден период кога се годишни одмори, и ќе им помине преку ноќ. Народот ја осети нивната игра и ова нивно лудило нема да помине“, порача Ристески.

Ристески посочи дека во текот на изминатите денови добил повици од многу граѓани низ државата кои не биле организирани. Тој потенцираше дека доаѓа времето кога граѓаните ќе се обединат без разлика на националната припадност.

„Ова покачување на струја што го направија душмански, верувајте никаде во цел свет не е случено. Даваат образложние дека имале проблеми со корона кризата, и сега проблемите, дискусиите, загубите што ги направиле за нивниот лагоден живот сакаат да го надокнадат преку нашите џебови, преку платите на работниците, на пензионерите на стечајците на социјалните…“, рече Ристески.

За повеќе може да прочитате тука:Radiomof.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...