9.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаНа тромеѓето во Македонија пронајдена златна жица вредна милијарда долари

На тромеѓето во Македонија пронајдена златна жица вредна милијарда долари

Канадската истражувачка компанија „Медголд ресурси“ извести дека во јужна Србија, на границата со Бугарија и С. Македонија, во рамките на проектот наречен „Тламино“, открила прелиминарни резерви од околу седум милиони тони руда, со околу 680.000 унци, или близу 19,3 тони злато, во вредност од нешто повеќе од милијарда долари.

Тие најавија подготовка на прелиминарна физибилити студија, која треба да ги потврди овие резултати.

Со проектот „Тламино“, како што е утврдено, содржината на злато на тоа место, во просек, е околу три грама на тон. На пример, лежиштата со грам злато на тон, доколку се придружени со соодветни количини руда, се сметаат за профитабилни.

Прелиминарните студии за изводливост, како и дополнителни металуршки студии ќе ги изработуваат компании од Велика Британија, бидејќи постојат сериозни индикации дека на тоа место постои далеку поголемо количество од тој скапоцен метал.

Во истражувањето на минералното богатство наречено проект Тламино, Медголд пронашол и слој на руда од 40 метри, во кој има 8,32 грама злато на тон и скоро неверојатни 193 грама на тон сребро.

Во исто време, канадската геолошка компанија Тедијан која трага за лежишта на метална руда во Србија, Бугарија и Косово објави дека постигнала договор за купување на српската геолошка компанија ЕФПП, која поседува права за истражување на местата Кижевак и Саставци, во околината на Рашка, каде порано се наоѓале рудници за сребро и цинк, објавија „Вечерни Новости“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....

Кривична против маж од кочанско, им се заканувал на полицајци преку Фејсбук

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични...

Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ и светот вака кон нас

❗️Важно е да не одите надвор без да постигнете консензус дома, оти во стартот сте послаби! Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ...