4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаСветОва е ќерката на Путин која ја прими вакцината против Ковид-19

Ова е ќерката на Путин која ја прими вакцината против Ковид-19

Вакцината за масовна употреба ќе ја произведува Институтот Гамалеј, како и компанијата Бинофарм.

Претседателот на Русија, Владимир Путин неодамна соопшти на советот на Владата дека руската вакцина против Ковид-19 е регистрирана прва на свет. Тој изјави дека таа е безопасна и ефикасна и дека создава стабилен имунитет.

Вакцината е направена од Институтот за микробиологија Николај Гамалеј во Москва.

Путин изјави дека таа вакцина веќе ја примила една од неговите ќерки. После првата доза од вакцината, ќерката на Путин добила температура 38 степени, но веќе наредниот ден таа се спуштила на нешто повеќе од 37. Бројот на антителата кои штитат од ковид-19 постојано се зголемувал.

Путин има две ќерки Марија (35) која работи во Институтот за детска ендокринологија во Москва и Екатерина (34) која заврши странски јазици. Најверојатно е дека токму Марија ја добила вакцината, бидејќи приоритет имаат медицинските работници.

Вакцината за масовна употреба ќе ја произведува Институтот Гамалеј, како и компанијата Бинофарм. Таа ќе биде во две форми: во течна состојба која веднаш ќе може да му се дава на пациентот, како и во прав, која пред употреба ќе мора да се помеша со течност.

Потпретседателката на владата на Руската федерација Татјана Голикова, најави дека веќе кон крајот на август или почетокот на септември, вакцината ќе започнат да ја добиваат докторите.

Путин инсистира вакцинацијата да се спроведе доброволно, односно, во Русија ќе им се дели бесплатно на оние кои ќе побараат.

Еден број руски експерти советуваа дека не треба да се брза со вакцинацијата, бидејќи времето треба да утврди дали таа има контраефекти. Повеќе познати руски специјалисти вирусолози објаснувале дека потребни се најмалку година до две, за да се види вистинскиот ефект на вакцината.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...