20.4 C
Ohrid
вторник, мај 20, 2025
ПочетнаСветБил Гејтс: Чуден е народот, јас давам пари да спасувам животни тие...

Бил Гејтс: Чуден е народот, јас давам пари да спасувам животни тие ми викаат сум ги убивал.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бил Гетјс, првиот човек на Мајкрософт, милијардер и филантроп, стана и позитивна и негативна централна фигура во приказната за Ковид-19.

<

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс вети повеќе од 350 милиони долари за борба против оваа болест, вклучувајќи и пари за производство на вакцина за неколку компании.

Паралелно на тоа, Бил Гејтс од почетокот на пандемијата од теоретичарите на завери е обвинуван дека некако го “подметнал” вирусот. Во интервјуто кое тој го даде за Блумберг, Гејтс сепак вели дека оптимистично мисли дека светот ќе сфати дека теориите се само теории, а дека вирусот ќе биде победен.

“Иницијалната вакцина нема да биде идеална во смисла на ефиканоста против болеста и пренесувањето. Можеби нема да трае долго, и воглавно ќе биде користена во богатите земји како мерка за спречување на заразата”, изјави Гејтс.

“Би биле среќни кога вакцината би стигнала пред крајот на годината. Во текот на 2021, веројатно ќе бидат одобрени бројни вакцини. Најсилниот одговор веројатно ќе дојде од протеинските компоненти”, додаде тој.

Како што вели, од 2016 година два пати бил во Белата куќа и му било речено дека требало да ги послужа и советите на оние кои припаѓаат на антивакс лобито, како Роберт Кенеди Џуниор. Иронично е што луѓето ги преиспитуваат вакцините, а ние мораме да се запрашаме како поинаку да излеземе од оваа трагична пандемија, процени тој.

Истовремено, не смета дека треба секоја вакцина да биде задолжителна.

“Кога нешто ќе стане задолжително, тогаш често се случува повратна реакција. Но можеби би можеле да кажеме дека ќе биде задолжителна за лицата кои работат во домовите за стари лица, или се во контакт со постари лица”, смета тој.

Од Блумберг го запрашаа и за тоа што мисли за теориите за завера со кои занимаваат со него.

“Чудно е тоа. Тие го земаат фактот што јас сум вклучен во развојот на вакцината и потоа ја извртуваат приказната па наместо тоа што давам пари за да спасам животи, испаѓа дека јас заработувам на одземање на животи. Доколку тоа би ги одвратело луѓето од вакцинирање или информирање за носењето маски, тогаш тоа е голем проблем”, вели Гејтс.

На прашањето за тоа што мисли, како сето ова ќе се заврши, одговорил дека вакцината сепак е неизбежна.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Матурант од Струмица пронајден починат.

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на местото викано Крива Река, бил...

Изгоре семеен автомобил на бизнисмен од Битола, и два други паркирани до него, дознава „АПЛА“

Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво...

На саемот во Нови Сад за 770.000 евра продаден комбајн за берење компири !!

Ова е најскапата машина на Новосадскиот саем – комбајн за берење компири во вредност од 770.000 евра +ДДВ. Уникатен комбајн за компир, кој има можност...

Имаат тешки изгореници по грбот: Објавени нови фотографии од изгорениците на младите од Пулс!

Објавени се нови фотографии од повредите на младите кои беа дел од трагичниот настан во клубот Пулс, каде што неколкумина преживеаја со тешки изгореници...