9.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПрекрасна глетка: Фламинга долетаа на викенд во Преспанско Езеро..

Прекрасна глетка: Фламинга долетаа на викенд во Преспанско Езеро..

Викендов пет розови фламинга се во посета на Преспанското Езеро. Птиците беа забележани во Езерани каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата, соопштија од Македонското еколошко друштво.

Фото: МЕД, Фламинга во Преспа

Оттаму појаснуваат дека фламингата не гнездат во Македонија, но досега се забележуваат повеќе пати на прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од деведесеттите години, повторно во Езерани. Овој пат беше забележена една возрасна единка и 4 млади. Бидејќи птиците гнездат во Грција, Албанија и Црна Гора, биолозите не можат да заклучат каде ќе се упатат по престојот во Преспа.

„Добрата состојба на влажните живеалишта како и широките појаси на трска овозможува птиците да не бидат вознемирувани и безбедно да одмораат и да се хранат. Затоа секогаш е возбудливо да се истражува Езерани за време на миграција“ – изјави Данка Узунова, орнитолог од Македонско еколошко друштво.

Покрај розовите фламинга беа забележани јата на бојници, долгоног пескар и сабјарки. Ниту еден вид од овие птици не гнезди кај нас, сите се тука поради миграцијата која се случува со полна пареа.

Фото: Википедија

Особено е интересно присуството на сабјарки бидејќи тие во Македонија досега се видени само десетина пати.

Фото: Википедија

Ваквите слики не охрабруваат дека напорната работа за зачувување на Езерани има позитивни резултати, додаваат од МЕД.

Фото: Википедија

Езерани е заштитено подрачје повеќе од 20 години и со него управува Општина Ресен која има и посебна ренџерска служба за овој локалитет

Радио Моф

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...

Боки 13: Вилма Рускоска на прославата од 1-Тв беше пијана, се вртеше како Рингишпил.

По повеќегодишна медиумска апстиненција и 4 години поминати во затвор, Боки 13 вечерва гостува во поткастот на Стефан Лазаров. Како и секогаш, искрен и без...

Боки 13: Со Шарената Револуција почна рекетот во Македонија.

Шарена Револуција од овој аспект сметам дека беше политички инструмент. Покрај алатка за да стигне до власт, тука е почнат рекетот во Македонија. Тука...

Ковачевски се надоврза на Ахмети и Мицкоски: Овие избори не се за бисквити и гурабии, туку се клучни за иднината

Кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа веднаш ме потсетува на она што се случи пред дваесет и нешто години по планините околу нас, рече...