10.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПовлеков дел од парите за да си купам стан -Незнаев дека банката...

Повлеков дел од парите за да си купам стан -Незнаев дека банката ќе пропадне

Министерката за финансии Нина Ангеловска ги демантира информациите кои се пласираа во врска со повлекување на нејзините средства од „Еуростандард банка“, која е ставена во стечај, нагласувајќи дека не е точна ни сумата која се наведува во текстовите пишува Радио Слободна Европа.

„Уште од минатата година преку половина од тие депозити се инвестирани во инвестициски фонд. Единствено што е точно во досега пласираните информации е дека сум имала депозит во „Евростандард банка“, истакна Ангеловска.

Фондот ќе ги обесштети 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка“

Таа посочи дека целосно е неточна информацијата дека нејзините средства ги префрлила во други банки или дека ги повлекла.

„Вистината е дека пред стапување на функцијата – Министер за финансии – овие мои лични средства, заработени пред да станам министер и уредно пријавени, беа наменети за бизнис инвестиции, а по стапувањето на функцијата, откако моите деловни активности ги ставив во втор план, дел од овие средства одлучив да ги искористам да го решам станбеното прашање, односно да купам сопствен стан со оглед на тоа што живеев под кирија“, тврди министерката.

Ваквата реакција следува откако во јавноста се појавија информации дека Ангеловска, знаејќи дека Еуростандард банката ќе пропадне извлекла заштеда од 250 000 евра која ја имала во таа банка. Народната банка минатата недела одлучи да и ја одземе дозволата за работа на Еуростандард банката.

Народна банка- граѓаните да бидат спокојни

Бизнисменот и поранешен градоначалник на Скопје Трифун Костовски, чие семејство стои зад таа банка рече дека правдата за случајот ќе ја бара надвор од земјата, дека вината ја лоцира во Управниот одбор на банката и ја обвини Народната банка за несоодветно постапување.

Извор

Радио Слободна Европа

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...