14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаТешка сообраќајна незгода во Охрид: Загина 27 годишно момче, останатите патници се...

Тешка сообраќајна незгода во Охрид: Загина 27 годишно момче, останатите патници се тешко повредени.

а 16-ти август 2020 година, во 01:40 часот, на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, на крстосницата за комплексот „Инекс“, се случи сообраќајна незгода во која го загуби животот едно лице.

 

– Незгодата се случила помеѓу патничките возила „Цитроен Ц3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот И.К. од Битола, „Голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(23), од охридското село Лескоец и „Фолксваген Пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од прилепското село Мало Коњаре. Од здобиените тешки телесни повреди, И.К. во болницата „Св. Еразмо“ им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во истото возило: М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде биле пренесени и уште едно лице од Битола, кое е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Сопатничката во истото возило Д.Р.(25) од Скопје, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. Во истата болница за укажување на лекарска помош е пренесена и Б.Р.(23) од Охрид, сопатник во возилото „Голф“, додека по укажана лекарска помош, на домашно лекување се пуштени возачот на „Голф“ А.А. и сопатникот Б.К.(24) од Охрид. На местото на незгодата увид извршија Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...