6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаВо Вевчани почнува дестиот Фестивал за народна култура „Пображење“

Во Вевчани почнува дестиот Фестивал за народна култура „Пображење“

 

– Во Вевчани денеска почнува 10-тиот Фестивал на народна култура „Пображење“, во организација на Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани.

Оваа година поради пандемијата со коронавирусот, програмата е редуцирана и прилагодена во согласност на новонастанатата ситуација и ќе се реализира под строги мерки и протоколи пропишани од Министерството за здравство. Но, и покрај ваквата ситуација, организаторот во чест на десетгодишниот јубилеј најавува програма како што му доликува на нивото на овој фестивал.

Фестивалот ќе почне вечер, во 19:30 часот, со свечено отворање во центарот на Вевчани со вевчанските зурли и топани и пејачката група Каданка. На отворањето ќе се обрати Мирјана Мирчевска, етнолог/антрополог, член на организацискиот одбор на фестивалот.

По свеченото отворање, во 20:00 часот во амфитеатарот во Вевчани, во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе биде отворена изложбата „1.000 години Бигорски манастир“, на која ќе бидат прикажани избор од најстарите и уникатни икони на нашето големо македонско духовно светилиште, Бигорскиот манстирот.

На спортското двориште утревечер, од 20:00 часот, ќе биде вечер посветена на традиционалната музика и песна на која ќе настапи Ансамблот „Македонија“ со презентација на чалгиската, вокално – традиционалната и зурлаџиско – тапанџиската традиција на нашата земја. Бројот на седишта ќе биде според пропишаните протоколи и ограничен за публика. За таа цел организаторот овозможи директен пренос онлајн преку Јутјуб каналот на КУД „Дримкол“, како и преку регионалниот кабловски оператор.

Фестивалот завршува в среда со третата фестивалска вечер на празникот Преображение Христово во 20:00 часот на националната телевизија НАША ТВ, како и со онлајн фестивалска програма на која ќе учествуваа: КУД „Дримкол“- Вевчани, КУД „Светозар Марковиќ“- Србија, Ансамбл „Македонија“, „Ла Капуљеро“- Франција, КУД „Илинден“ – Битола, „Тиера Местица“ – Мексико, ФС „Блажевски“- Скопје.

Оваа година во програмската содржина „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници“, учесник ќе биде ликовниот сликар и ликовен педагог Даниел Тодоровски од Кратово.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Вевчани.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...