7.4 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПратениците на ДУИ до Ахмети - Без премиер подобро во опозиција-нека не...

Пратениците на ДУИ до Ахмети – Без премиер подобро во опозиција-нека не моли Груби за власт по ходници

ДУИ нема пуштено никакво официјално соопштение за средбата која завчера се оддржа помеѓу претседателот на партијата Али Ахмети и новоизбраните пратеници.

Како што велат партиски извори, Ахмети не си отиде задоволен од оваа средба, бидејќи пратениците не му дадоа зелено светло за идејата премиерот Албанец да биде на крајот на мандатот според системот 100 дена или 3 + 1.

„Претседателе, подобро е да одиме во опозицијата и по четири години да се вратиме посилни, отколку да влеземе во Владата усрамени без премиер Албанец. Никој повеќе нема да ни верува.

Подобро е воопшто да не влегуваме во влада отколку со навредливиот предлог да имаме премиер само една година на крајот од мандатот, или уште полошо, само 100 дена“, беа ставовите на пратениците на средбата со Ахмети. Истите партиски извори за Весникот Лајм велат дека пратениците побарале од Ахмети да не шета по ходниците на македонските партии со Артан Груби, туку да се стационира во Речица и да покаже дека ДУИ е партијата која одлучува, а не партија што се моли за парче власт.

„Ахмети, наместо да им се заблагодари на пратениците за оваа поддршка, си заминал малку незадоволен. Тој очигледно имал намера да им ја префрли одговорноста на пратениците за влегување во влада без албанскиот премиер, но тоа не помина, туку напротив, повеќето од пратениците на ДУИ побараа од Ахмети да одлучи во интерес на Албанците, а не под влијание на Артан Груби и Муса Џафери, кои по секоја цена сакаат ДУИ да биде на власт “, потенцираат истите партиски извори за Лајм.

 

Извор: Лајм

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...