7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСекоја чест за човеков-Борче од Кавадарци донирал над 200 компјутери на посиромашни...

Секоја чест за човеков-Борче од Кавадарци донирал над 200 компјутери на посиромашни деца

Над 200 компјутери од почеток на годинава донирал кавадарчанецот Борче Стаменов на деца од социјален ризик, со цел на есен да бидат подготвени за он лајн настава. Овој хуманитарец кој веќе 4 години се грижи компјутерите да завршат во рацете на оние на кои им се најпотреби, вели дека и државата треба во оваа насока да им помогне на социјално ранливите ученици, пренесе Сител.

Идејата на Стаменов да поправа стари компјутери и да ги донира на оние на кои им се најпотребни, се родила пред 4 години кога самохрана мајка дошла во фирмата каде тој работи и го замолила доколку може да и донира половен компјутер за нејзите три деца. Од тогаш на овој начин кавадарчанецот успеал да израдува над 300 семејства, ширум земјава.

Инаку граѓаните од социјален ризик кои сакаат да добијат компјутер, Стаменов може да го контактираат на фесбук страната „Донирај Компјутер“ или на твитер. На двете социјални мрежи може да му пишат и оние граѓани кои сакаат да донираат. Овој хуманитарец за својата работа досега има освоено повеќе награди, ко на некој начин дополнително го мотивираат да продожи да им помага на луѓето.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...