9 C
Ohrid
петок, октомври 30, 2020
Почетна Македонија Се укинуваат контролните тестови за лицата што се позитивни на Ковид-19.

Се укинуваат контролните тестови за лицата што се позитивни на Ковид-19.

Translate (Eng):[gtranslate]

Се укинуваат контролните тестови за лицата што се позитивни на Ковид-19. По 10 дена, асимптоматските случаи, кои се позитивни на коронавирусот, автоматски ќе излегуваат од изолација, а лицата со симптоми по 20 дена.

Ова го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, велејќи дека ваквата одлука се темели на опсежните истражувања во МАНУ.

„Овој нов протокол се темели на опсежни анализи на МАНУ, препораките на СЗО и на Европскиот центар за превенција на болестите. МАНУ анализира повеќе од 10 илјади тестирања. Утврдено е дека кај пациенти позитивни на Ковид-19, независно од резултатот на контролното тестирање, не е присутен вирус што е доволно силен за да може да предизвика зараза, по 10 дена кај асимптоматските, а по 20 дена кај оние што имаат симптоми. Оттаму, по овој период, пациентите ќе бидат ослободени од изолација, без контролни тестирања“, рече Филипче.

РЕКЛАМА

Претходно, лицата што се позитивни на коронавирусот излегуваа од изолација по два негативни теста.

- Реклами -