16.9 C
Ohrid
петок, јуни 18, 2021
Почетна Македонија Филипче: Ме радува тоа што дека состојбата со епидемијата е стабилна

Филипче: Ме радува тоа што дека состојбата со епидемијата е стабилна

Translate (Eng):[gtranslate]

Македонија веќе неколку недели во континуитет бележи намалување на бројот на новозаболени и на смртни случаи, како и зголемување на бројот на оздравени пациенти. Ова се главните индикатори кои ни дозволуваат да констатираме дека состојбата со епидемијата е стабилна, како и состојбата со болничките капацитети, кои исто така се еден од најважните индикатори за процена на епидемиолошката состојба. Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата, додавајќи дека се направени вкупно 11.605 тестирања во периодот од 10 до 16 август, односно за 2.062 или 17,8 отсто повеќе споредено со претходната недела, според последниот извештајн на Институтот за јавно здравје.

Според Филипче, евидентно е и намалување на процентот на вкупниот број на позитивни случаи од вкупниот број на направени тестови. Во изминатите четири недели, процентот во континуитет бележи пад и се движи од 10 до 7,8 отсто во последната недела според извештајот.
Министерот истакна и дека значително е намален бројот на хоспитализации на Инфективната клиника во Скопје, Градската општа болница „8 Септември“, но и во останатите инфективни одделенија ширум државата. Бројот на хоспитализации во сите болници, од почетокот на август, во просек изнесува 376 пациенти кои се позитивни или суспектни на вирусот.

РЕКЛАМА
- Реклами -