10 C
Ohrid
четврток, октомври 22, 2020
Почетна Македонија 19 Години од епската битка кај Радуша 75 македонски лавови гради в...

19 Години од епската битка кај Радуша 75 македонски лавови гради в гради против 700 косовари

Translate (Eng):[gtranslate]

18 август 2020 година, Скопје, Македонија – Денес се навршуваат 19 години од најголемата и најжестоката битка во 2001 година: Битката за Радуша!

70 полицајци и граничари во херојска борба на 20 метри, гради в гради, со поголема непријателска формација од територијата на Косово, го спасија Скопје и Македонија од хуманитарна катастрофа. Вреди да се спомене нивното јунаштво, затоа што битката за Радуша го смени текот на војната во Македонија.

Прво 35, па после 75 полицајци и граничари го бранеа реонот околу Радуша во нерамна битка со 700 припадници на Косовскиот заштитен корпус кои упаднаа од Косово, и стотина локални терористи на ОНА со цел да го заземат изворот Рашче и да предизвикаат хуманитарна катастрофа во главниот град на Македонија.

РЕКЛАМА

Тоа сценарио веќе го видовме со затворањето на вентилите на Липковската брана со цел предизвикување хуманитарна катастрофа за Кумановчани, пиеја вода по системот капка по капка од цистерни од други градови на Македонија. Ги затвораа и каптажите за вода за пиење во македонските села во тетовскиот регион, да предизвикаат иселување поради недостиг на вода за пиење што е геноцид и злосторство против човештвото.

Битката за Радуша за спас на Рашче, траела непрестано повеќе од 20 часа, без јадење и спиење на затекнатите полицајци и граничари кои ги бранеа територијалниот интегритет и суверенитетот на Македонија. Полицајците биле препуштени сами на себе со денови да издржат во борба со качачките банди. Колку било драматично кажуваат само радиоврските, каде опкружените 35 бранители иронично благодарат на “помошта“, старешините во Скопје да “подготват 35 погреба“.

На сликата дел од борците на Радуша, 2001 година за незаборав..

По наредба на врховниот командат на Вооружените сили на Македонија, Борис Трајковски, генералот на воздухопловните сили на Македонија Ѕвонко Стојановски точно во 17.20 часот издава команда за полетување на познатите “дваесетичетворки“ на АРМ во правец на Радуша. Содејствувал и еден “сухој“, комплетно борбено вооружен. Тогаш врисоците на македонските полицајци и граничари, според службените радиостаници се претвориле во радост и во победнички восклици.

Покрај аероподдршката, веднаш се вклучила и артилеријата на АРМ од правец на караулата Чашка, засилена од повеќецевни ракетни фрлачи. Дури тогаш, по силната поддршка на АРМ, полициската специјална единица успеала да се пробие до станицата и да ги извлече ранетите и преживеаните. Загубите кај терористите биле огромни, се претпоставуав дека се убиени од 150 до 500 терористи од Косово и од Македонија.

Благодарност до јунаците и вечен спомен за херојството за спас на Македонија – како се сака и како се брани татковината!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

- Реклами -