5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаАспасиев - Џафери за првпат од планина директно во влада, се надевам...

Аспасиев – Џафери за првпат од планина директно во влада, се надевам дека оваа влада нема да биде повеќе од 2 години

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, денеска се обрати од собраниската говорница.

Тој прво истакна дека се надева дека дружбата со пратениците нема да трае повеќе од две години, давајќи му одреден рок на новиот владин состав.

„Се надевам дека ќе се дружиме само две години“ – изјавил Апасиев во Собранието.

„Кога ќе го видам првопотпишаниот, узурпаторот Николче Димитров, станува јасно дека секаде мора да го има неговиот потпис. За него не знаеме дали е пратеник или министер. До 12 е пратеник, а од 14 часот е министер, или обратно“, по што бил предупреден од Џафери за начинот на изговарање на имињата на пратениците.

Тој потоа изјавил:

„За првпат од герила, директно во влада. Талат Џафери е нашиот Че Гевара, од герила дојде директно на власт. Му давам и 3:0 за толкување на Устав, наспроти претседателот на државата, Стево Пендаровски.

На крај му замерувам и што на оваа седница не презборе на македонски, кон почит на македонскиот народ“ – изјавил Апасиев.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...