11.5 C
Ohrid
недела, октомври 25, 2020
Почетна Македонија Нов охридски трилер: Топалоски го амнестира Нефи, но дали пиштолот ќе биде...

Нов охридски трилер: Топалоски го амнестира Нефи, но дали пиштолот ќе биде „избришан“ од снимките

Translate (Eng):[gtranslate]

Како што известува ТВ Телма полицијата и натаму трага по советникот во општина Охрид, Нефи Усеини за кого е определена мерка притвор и е во бегство. Потрагата по Усеини продолжува и покрај пишаната амнестирачка изјава од неговата жртва Спирко Топалоски кој сега тврди дека само се скарале со советникот и не видел пиштол .

Преку својот адвокат, Топалоски испрати писмена изјава во која тврди дека разговарале со советникот Усеини и дека тогаш добил удар одзади. Жртвата Топалоски сега го брани напаѓачот тврдејќи дека приказните прераснале во филм за да му се наштети политички на Нефи Усеини и да се дискредитира неговото име.

Сопствениот стрес по ударот придонеле да стекне впечаток дека е нападнат со пиштол иако тој оружје не видел, стои во писмената изјава на Топалоски. Нападнатиот тврди дека неговиот напаѓач му е и ќе му остане пријател и по ова недоразбирање кое е надминато. Неговиот адвокат Христијан Спировски потврди дека изјавата е од Топалоски и не сакаше да коментира повеќе бидејќи во тек е истрага.

РЕКЛАМА

Полицијата и охридското обвинителство го гонат Нефи Усеини и неговиот брат за две кривични дела, насилство и недозволено држење на оружје откако на снимки од безбедносните камери на местото на инцидентот е видено како се одиграл нападот и дека таму навистина бил изваден и пиштол.

Усеини е во бегство, а судот по барање на обвинителство му определи 8-дневен притвор. Нема информации дали Усеини избегал од Охрид и државата, иако првичните претпоставки е дека тој е во градот.

Усеини е советник на ДУИ во општината, а стана позната по повеќе дивоградби во градот и околината кои досега не се отстранети освен бетонската база на влезот во Охрид.

 

- Реклами -