8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаЕстрадаНикој не знае за неговата хуманост, ниту пак тој некаде се има...

Никој не знае за неговата хуманост, ниту пак тој некаде се има пофалено како што го прават други…

spot_imgspot_img

Пејачот Џеј Рамадановски ја покажа својата хумана страна, но тој не кажал на никој за неговите гестови. Имено, со месеци уште од рани зори купувал се што останувало од пецива низ пекарите и им го давал на оние кои немале леб. Како што вели за „Супер ТВ“, тој добро се сеќавал како тоа било за него кога бил сиромашен и никој не сакал да живее на тој начин.

– Секогаш пред крајот на смената околу два после полноќ, а во некои пекари околу пет Џеј доаѓа и купува сè што останало. Го дели тоа што ќе го купи по ќесиња и ќе ги закачи на контејнерите. Потоа доаѓаат сиромашни луѓе и ја земаат храната. Тој често купува храна за сиромашните и во текот на денот. Дури и кога беше болен, тој не се откажа од тоа, само тоа што другите ги закачуваа торбите а тој плаќаше – рекол изворот, а Џеј скромно го потврдил.

– Јас секогаш ги честам луѓето кои немаат, не само јас, туку и моите драги пријатели од Дорчол или Менхетен, како што го нарекувам. Јас секогаш помагам колку што можам, за оброкот, за основите. Се сеќавам како беше порано, па сега им враќам на сите. Во периодите кога настапував во ресторани, одев на оние позади, кои миеја шерпи или чистачките, па им го давав целиот бакшиш. Музичарите ме караа, но јас велев, епа нека, ако им давам. Јас секогаш велев, сиромаштијо, и на Господ си му тешка. Што да не помогнам – вели Џеј, кој поминува многу време изолирано поради пандемијата.

– Не одам скоро никаде, разговарам со моите пријатели од Виена преку компјутер, моите деца доаѓаат и тоа е. Ќерката Ана ги чува децата, не знае каде е лево од хаосот – вели дедо Џеј, кој сака ова што побргу да помине па да запее.

Извор и фото: informer.rs

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...